in

Деми Ловато искрено за предозирањето! Минути ме делеа од смртта!

Американската пејачка и актерка Деми Ловато откри дека неколку минути ја делеле од смртта од предозирање во јули 2018 година и дека „всушност морала да умре за да се разбуди“.

Поп-ѕвездата зборуваше за периодот по многу сериозната здравствена криза во интервјуто што го даде во емисијата „CBS Sunday Morning“, што ќе се прикаже денеска.

„Лекарите ми рекоа дека имам пет до десет минути. Да не ме најдеше никој, немаше да бидам тука“, изјави пејачката.

„Благодарна сум што денес седам тука“, додаде таа.

На почетокот на оваа недела, 28-годишната пејачка и актерка објави документарен филм, во кој се отвори за нејзината борба со зависноста, како и за искуството со сексуална злоупотреба.

„Деми Ловато: Танцувајќи со ѓаволот“, чија премиера беше во вторникот на виртуелниот фестивал Југ од југозапад, ќе се прикаже на YouTube следната недела како документарна серија во четири дела: две епизоди ќе бидат прикажани на 23 март, а потоа и нова епизодата ќе се прикаже во следните два вторници.

Ловато, која земала хероин со фентанил таа вечер, изјавила дека таа вечер, откако се предозирала, била сексуално злоставувана од нејзиниот дилер.

„Буквално ме оставија да умрам откако тој ме искористи“, рече таа во документарниот филм.

Откако се разбуди во болницата, Ловато рече дека е слепа.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote