in

ТаженТажен

Ден на жалост во Северна Македонија и Бугарија поради трагичната автобуска несреќа

Во Северна Македонија денеска е втор ден на жалост за трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија во која загинаа 46 лица додека седуммина беа повредени, главно македонски државјани. Македонската влада вчера прогласи тридневна жалост во текот на која знамето на Северна Македонија е на половина копје низ целата држава, како и на дипломатски мисии во странство.

 

Косовската претседателка Вјоса Османи денеска донесе одлука 24 ноември да биде прогласен за ден на жалост во знак на почит кон граѓаните на Северна Македонија кои загинаа во автобуската несреќа во Бугарија, главно македонски Албанци.

Најмалку 46 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај селото Боснек, југозападно од Софија. Меѓу жртвите има и 12 деца.

Седум патници од автобусот се повредени и пренесени во болница во Софија и тие не се во животна опасност.

Косовскиот државен врв изрази сочувство до највисоките македонски претставници и до семејствата на загинатите.

Во тридневната жалост сите јавни настани се одложени, а медиумите ја прилагодуваат програмата со соодветна содржина во согласност со денот на жалоста.

Денеска е ден на национална жалост и во Бугарија. На овој начин им се оддава почит на жртвите од двете трагедии – пожарот во дом за стари лица во село Ројак кај Варна во кој загинаа девет лица и тешката автобуска несреќа на автопатот Струма.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote