in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Денеска е првиот ден на пролетта

Официјално денеска, 20 март, во 16 часот и 33 минути започнува најубавото годишно доба – пролетта, кога настапува рамноденицата која го навестува крајот на зимата. На денешниот датум ноќта и денот ќе бидат со еднаква должина. Учевме дека сите годишни времиња, освен есента, започнуваат на 21 во месецот, но пролетта веќе околу две децении пристигнува еден ден порано.

Пролетната рамноденица може да падне кога било помеѓу 19.03. и 21.03. – во зависност од тоа кога Сонцето ќе се најде над екваторот на Земјата. Постојат два различни методи кои го одредуваат почетокот и крајот на годишните времиња – метеоролошки и астрономски.

Mетеоролошкиоt метод – метеоролозите ги набљудуваат годишните опаѓања и порасти на температурата, како и состојбата во атмосферата. Ова се утврдува климатолошки, со следење на статистиките за температурите и координира според календарот – за да ги подели годишните времиња на четири тримесечни годишни доба. Според овој метод, секое годишно време трае три месеци.

Вториот астрономски метод се заснова на – астрономски сезони и се однесува на положбата на орбитата на Земјата во однос на Сонцето. Според овој метод, астрономскиот календар ги одредува годишните времиња според тоа кога ротационата оска на Земјата е на 23,5 степени во однос на орбитата околу Сонцето.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote