in

Што?Што?

15.000 евра депозит за искачување на Мон Блан

Градоначалникот на Сен Жерве воведе необична мерка – секој што сака да се обиде да се искачи на Мон Блан мора прво да плати депозит од 15.000 евра. Парите би ги покривале трошоците за евентуално спасување или, во најлош случај, погреб.

Жан-Марк Пељекс градоначалникот на Сен Жерве, се одлучи на оваа мерка откако десетици „псевдопланинари“ ги игнорираа предупредувањата.

Од споменатиот град води главната патека, по која луѓето можат да се искачат на највисокиот врв во Европа.

Но, во последно време на ваков потфат се решија многу луѓе кои не се ниту вешти, ниту искусни, ниту опремени, а градоначалникот вели дека ги игнорирале предупредувањата и си играле „руски рулет со животот“.

Водичите од француската страна ги прекинаа своите активности долж трасата во средината на јули поради бројните одрони, а локалните власти издадоа совети до луѓето да избегнуваат искачување. Интензивниот топлотен бран само ги влоши условите.

Пељекс рече дека десетици „псевдопланинари“ ги игнорирале предупредувањата. Тој го наведе примерот со петмина романски туристи кои се обиделе да се искачат „во шорцеви, тренерки и со сламена шапка“, а кои на крајот морале да бидат вратени од планинската полиција.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote