in

СлаткоСлатко

Холивудскиот дерматолог откри начин кој е докажан и што отстранува 10 години од лицето

Речиси секоја жена се стреми да одржи младешка и сјајна кожа што е можно подолго.

На пазарот има толку многу различни работи и можете да прочитате разни совети, па понекогаш е тешко да се одлучите за еден метод на подмладување, пишува „24сата“.

Ви пренесуваме совети од прва рака од дерматологот Хајди Кинг, која се грижи за изгледот на холивудските ѕвезди. Еве каква грижа предлага таа.

1. Пилинг

Употребата на пилинг честички и оние кои го отстрануваат горниот слој на мртвите клетки им овозможува на активните состојки подобро да работат и да го стимулираат колагенот и еластинот, откривајќи нова, свежа кожа.

2. Заштитен фактор

Заблудата е дека кремата за сончање е неопходна само во текот на летото. УВ зрачењето е исклучително силно во текот на зимските месеци и тоа е една од главните причини поради која кожата предвремено се влошува.

Нанесете крема со заштитен фактор од најмалку 20 за да избегнете негативни последици.

3. Антиоксиданси

Антиоксидансите ја штитат кожата од оксидативен стрес, воспаление и УВ зраци.

„Неутрализацијата на слободните радикали ја намалува можноста за оштетување на кожата. Еден од најдобрите е витаминот Ц кој помага да се изгради колаген. Колку што е добар во исхраната, толку е ефикасен и кога се наоѓа во кремите. Коензимот Q10 и витаминот Е се исто така одлични антиоксиданси. Погрижете се кремите што ги купувате да ги содржат овие состојки“, вели таа.

4. Ретинол

Ретинодите се деривати на витаминот А и студиите покажуваат дека тие играат клучна улога во намалувањето на фините линии и брчките, како и темните дамки на кожата.

5. Хијалуронска киселина

Оваа состојка е незаменлива кога станува збор за хидратација. Имено, ја одржува влажноста на кожата и на тој начин го прави лицето блескаво и свежо.

Првите резултати по употребата на кремот кој содржи хијалуронска киселина може да се видат по само седум дена. За да траат резултатите, не смеете да ја прекинете нивната употреба.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote