in ,

СлаткоСлатко

Освежителен десерт од малини

Потребни состојки за 4 лица:

-200 мл слатка павлака

-200 г крем сирење

-450 г малини

-30 до 50 г мед

-бело чоколадо за декорација

Начин на подготовка:

Ставете ги малините во блендер и мешајте додека не добиете кашеста смеса. Изматете ја слатката павлака, измешајте со крем сирењето па додадете мед. Сето тоа убаво соединете го.

Потоа додадете ги малините, но оставете на страна четири лажици за декорација. Сето тоа убаво измешајте го и распределете во четири чаши.

По желба декорирајте со пире од малини и рендано бело чоколадо. Десертот ставете го во фрижидер пред да го послужите.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote