in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Десерт со јагоди

Десерт со јагоди кој брзо исчезнува од чинија.

Состојки:

Кора:

  • – 8 белки
  • – 400 гр шеќер
  • – 1 лажица оцет

Фил:

  • – 8 жолчки
  • – 200 гр шеќер во прав
  • – 300 гр мелени бисквити
  • – 1 путер
  • – 100 мл млеко
  • – 1 кг свежи јагоди
  • – 2 кесички шлаг

Подготовка:

Изматете ги белките, додадете шеќер, па изматете добро и на крај додадете оцет. Печете ја кората на 150 степени околу 50 минути во плех обложен со хартија за печење.

Изматете ги жолчките со шеќер во прав и путер. Додадете бисквити и млеко.

Спарете ги жолчките и шеќерот, а потоа во изладените додадете путер, бисквити и млеко.

Ставете половина од филот на кората, потоа исечени свежи јагоди, другата половина од филот и на крај шлаг.

Ставете ја тортата во фрижидер да се излади.

Украсете со јагоди и послужете.

Пријатно!

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote