in

Што?Што?

Десет знаци на болест на бубрезите

Болка во нозете

На воспалението на бубрезите може да укажеат болките во грбот, странично на горниот дел од телото, како и болки во нозете. Овие болки можат да бидат предизвикани од камења во бубрезите, па ако чувствувате болка на овие места, посетете лекар.

 

Висок крвен притисок

На болести на бубрезите може да укаже и високиот крвен притисок предизвикан од лошото функционирање на овие органи.

Отеченост

Веројатно веќе го знаете ова, но кога бубрезите не работат добро, во телото се задржува вишок вода, што доведува до отекување на рацете и нозете, особено на зглобовите.

Промени во мокрењето

Кога веќе зборуваме за задржување на вишокот вода, важно е да го знаете и ова. Урината се создава во бубрезите со цел на тој начин да се елиминираат токсините од телото. Ако имате тешкотии при мокрењето, значително почесто или поретко уринирате, поради тоа често станувате навечер, се појавува крв или пена во урината… веднаш одете на лекар!

Сува кожа

Иако можеби помислувате на дерматолошки проблем, знајте дека сувата кожа може да биде сигнал дека бубрезите не работат добро. Ако бубрезите не функционираат нормално, тие не можат да ги исчистат токсините од крвта, а тоа може да предизвика осип на кожата.

Губење на апетитот

Губењето на апетитот сам по себе не се поврзува со болестите на бубрегот, но ако покрај тоа имате уште некој од наведените симптоми, проверете го здравјето.

Губење на здивот

Донекаде е нормално да останете без здив и отежнато да дишете кога вежбате, но ако тоа ви се случи по кратка прошетка или дури и кога сте во мирување, нека биде аларм да посетите лекар. Имено, вишокот вода што се задржува во телото кога бубрезите не функционираат правилно оди во белите дробови и го отежнува дишењето.

Губење на вкусот

Бубрежните болести може да предизвикаат вашата храна да има метален вкус, а токсините што бубрезите не ги исфрлаат исто така ќе предизвикаат лош здив.

Мачнини и повраќање

Како што рековме, кога бубрезите работат правилно, тие ги исфрлаат токсините од телото. Од друга страна, кога тие не работат добро, во телото се акумулираат токсини, кои можат да предизвикаат гадење и повраќање. Значи, ако често чувствувате гадење и имате необјаснив нагон за повраќање, проверете го здравјето на бубрезите.

Замор

Не треба да се загрижите веднаш штом ќе почувствувате замор, но треба да ве загрижи ако се разбудите изморени откако сте спиеле седум, осум часа. Ако сте изморени, а всушност сте наспиени и физички одморени, можно е ова чувство да е предизвикано од недостаток на црвени крвни зрнца, што го намалува протокот на кислород, а резултатот е замор.

И за крај, не чекајте нешто да ве „заболи“ за да посетите лекар, туку ако се сомневате дека имате проблем врз основа на овие симптоми, веднаш прегледајте се. Имајте на ум дека колку порано се открие болеста, толку се поголеми шансите за намалување на последиците.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote