in

Девојка почина додека се обидуваше да се фотографира на водопад

Девојка се лизна и почина додека се фотографирала на живописниот водопад во Хонг Конг.

Sofia Cheung (32) во саботата го посети Tsing Dai во близина на областа Yuen Long но патувањето се претворило во трагедија откако таа се лизнала и паднала до смрт. Софија била итно пренесена во болница во Хонг Конг каде починала.

Трагично, Софија не е единствената личност што починала додека се обидувала да се фотографира на вакво место. Минатиот декември, 38-годишна жена додека пешачела низ Националниот парк Grampians во Австралија, се искачила на заштитната ограда за да се фотографира на Boroka Lookout. Властите соопштија дека жената потоа се лизнала и паднала од височина од околу 80 метри, додека нејзиното семејство гледало без да може да и помогне.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote