Група тинејџерки во средното училиште во Сиднеј неодамна научија вредни вештини.
Според „Дејли меил“, 11 девојки на возраст од 16 до 17 години научиле што да направат во случај на сообраќајна несреќа, како да го проверат притисокот во автомобилските гуми и да го сменат маслото.
Идејата започна да се развива кога компанијата „Галматик“, која ги учи жените за одржување автомобил, го контактираше колеџот „Стела Марис“.
“Секоја година, ние учиме до 100.000 тинејџери во училиштата во сите делови на Сиднеј како да поправат автомобил и да им помогнеме на луѓето да се чувствуваат поудобно и безбедно зад воланот. Нашите курсеви не се наменети само за тинејџери”, рече директорката на Галматика, Елена Митакос.
Коментари
Loading…