Аргентинската легенда Диего Армандо Марадона беше итно пренесен во болница и мора да оди на операција поради крвен тромб во неговиот мозок, изјави неговиот доктор. Светскиот првак кој има 60 години, беше примен во болницата Ипенса во Буенос Аирес поради анемија и дехидрација.
Леополдо Луке, личниот доктор на Марадона, изјави дека поранешниот фудбалер е свесен и прифатил да подлегне на процедурата. Моментално Аргентинецот е тренер на Гимнасиа и Естрима. Навивачите на овој клуб се собраа пред болницата во која беше примен Диего и му изразија подршка.
Коментари
Loading…