in ,

СлаткоСлатко

Диета со кефир во која Русинките се колнат: Благодарение на овој план на исхрана, тие се толку витки! (Мени)

Вака Русинките одржуваат витка линија …

 

Кефирот содржи витамин Д, калциум, протеини, витамин Б12, магнезиум, а една чаша содржи само 100 калории.

Токму ова е една од причините зошто оваа храна е на редовното мени на Русинките, кои често прибегнуваат кон диета базирана на овој млечен производ и со тоа ја одржуваат линијата.

Оваа диета е добра кога сакате да го детоксицирате телото и да го исфрлите вишокот вода. За една недела можно е да изгубите 1 до 2 килограми.

Ова диета е прилично ограничувачка, затоа не се препорачува да се држи повеќе од 7 дена.

Од што се состои?

Главниот производ на оваа диета е кефир, а дополнителна количина е нискокалоричен протеин или храна богата со јаглени хидрати.

Во текот на овие 7 дена, треба да се откажете од шеќер, сол, црн чај и кафе. Можете да пиете неограничено, обична вода и билен чај.

Исто така, мора да постои јасен распоред за внесување храна (6 пати на ден во редовни интервали, последниот – најмалку 2 часа пред спиење)

7 дневен план за исхрана:

  • Ден 1: 1/2 л кефир со 1% маснотии и 400 гр печен компир (без сол)
  • Ден 2: 1/2 л кефир со 1% маснотии и 400 гр урда
  • Ден 3: 1/2 л кефир со 1% маснотии и 400 гр овошје (освен грозје и банани)
  • Ден 4: 1/2 л кефир 1% маснотии и 400 гр варени пилешки гради
  • Ден 5: 1/2 л кефир со 1% маснотии и 400 гр овошје (освен грозје и банани)
  • Ден 6: ден на пост, ништо не се внесува освен 1,5 литри негазирана вода
  • Ден 7: 1/2 л кефир со 1% маснотии и 400 гр овошје (освен грозје и банани)

ЗАБЕЛЕШКА: Како што веќе споменавме, диетата е крајно ограничувачка и во никој случај не се препорачува за адолесценти, бремени жени, доилки и сите со оштетен имунитет или некоја хронична болест.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote