Вака Русинките одржуваат витка линија …
Кефирот содржи витамин Д, калциум, протеини, витамин Б12, магнезиум, а една чаша содржи само 100 калории.
Токму ова е една од причините зошто оваа храна е на редовното мени на Русинките, кои често прибегнуваат кон диета базирана на овој млечен производ и со тоа ја одржуваат линијата.
Оваа диета е добра кога сакате да го детоксицирате телото и да го исфрлите вишокот вода. За една недела можно е да изгубите 1 до 2 килограми.
Ова диета е прилично ограничувачка, затоа не се препорачува да се држи повеќе од 7 дена.
Од што се состои?
Главниот производ на оваа диета е кефир, а дополнителна количина е нискокалоричен протеин или храна богата со јаглени хидрати.
Во текот на овие 7 дена, треба да се откажете од шеќер, сол, црн чај и кафе. Можете да пиете неограничено, обична вода и билен чај.
Исто така, мора да постои јасен распоред за внесување храна (6 пати на ден во редовни интервали, последниот – најмалку 2 часа пред спиење)
7 дневен план за исхрана:
- Ден 1: 1/2 л кефир со 1% маснотии и 400 гр печен компир (без сол)
- Ден 2: 1/2 л кефир со 1% маснотии и 400 гр урда
- Ден 3: 1/2 л кефир со 1% маснотии и 400 гр овошје (освен грозје и банани)
- Ден 4: 1/2 л кефир 1% маснотии и 400 гр варени пилешки гради
- Ден 5: 1/2 л кефир со 1% маснотии и 400 гр овошје (освен грозје и банани)
- Ден 6: ден на пост, ништо не се внесува освен 1,5 литри негазирана вода
- Ден 7: 1/2 л кефир со 1% маснотии и 400 гр овошје (освен грозје и банани)
ЗАБЕЛЕШКА: Како што веќе споменавме, диетата е крајно ограничувачка и во никој случај не се препорачува за адолесценти, бремени жени, доилки и сите со оштетен имунитет или некоја хронична болест.
Коментари
Loading…