in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Лимонада диета – за 14 дена 9 килограми помалку

Лимонада диета, која исто така се нарекува „диета голем чистач“, трае 10 – 14 дена. За две недели, можете да изгубите до 9 кг од вишокот тежина. Основниот принцип на „лимонада“ диетата е чистење на организмот од отровите и брзо губење на тежината.

Лимонада се подготвува на следниот начин: во сад со две литри претходно зовриена вода исцедете сок од три лимони, додадете 14 лажици јаворов сируп и половина лажичка лута црвена пиперка и промешајте.

Оваа магична лимонада се пие во текот на целиот ден во мали голтки секој пат кога ќе почувствувате глад.

Сокот од лимон, како дел од лимонада ќе му помогне на телото да се ослободи од масти и токсини, јаворовиот сируп ќе ги обезбеди потребните калории, витамини и елементи, а лутата пиперка ќе го стимулира метаболизмот.

Други пијалаци кои ги внесувате во текот на денот, вклучувајќи солена вода (сол на врв на ножот во 2 дл млака вода) и зелениот чај ќе помогнат да се зголеми отстранувањето на токсините од телото.

Со цел да му се обезбеди потребната енергија на телото, потребно е да се испијат 8 – 12 чаши лимонада дневно, што е околу 800 – 1200 калории.

Во лимонада диетата (големиот чистач) неопходен е постепен „влез” во диетата, пред да започнете со диетата. Три дена пред да почнете диета, заменете ги сите полуготови производи, како и месото со свежо овошје и зеленчук. Два дена пред почетокот на диетата неопходно е да се внесува само течна храна, еден ден пред диетата – по цел ден се пие само свежо цеден сок од портокали (најмалку 2 литри на ден).

Предности:

  • – Чистење на телото од сите токсини
  • – Брзо губење на тежината
  • – Подобрување на состојбата на кожата
  • – По лимонада диетата, ќе чувствувате дополнителна енергија и виталност
  • – Олеснување и прочистување на организмот од хронични болести

ВНИМАНИЕ: Лимонада диета е забранета за лица кои чувствуваат непријатни киселини во желудникот и страдаат од пептички улкус (чир на дванаестопалачно црево).

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote