in ,

Што?Што?

Дилерите на дрога завршија во затвор – па поради бизарна грешка во постапката станаа МИЛИОНЕРИ

Ваков случај до сега не се видело!

 

Шведската влада е принудена да им плати на осудените дилери повеќе од 13 милиони круни за грешка направена за време на гонењето, пишува IFL Science.

Сe започна кога во 2019 година, тројца мажи беа осудени за продажба на големи количини на дрога преку Интернет, прифаќајќи плаќање во најпопуларната криптовалута – Биткоин. Тогаш властите запленија 36 биткоини за кои веруваа дека се резултат на трансакции помеѓу дилери и купувачи.

Меѓутоа, тука ситуацијата зазеде бизарен пресврт. За шведските обвинители, ова беше еден од првите случаи поврзани со Биткоин и, како што сега признаваат, требало да побараат стручен совет. Кога случајот против тројцата дилери резултираше со конечна пресуда, криминалците одлучија да го претворат долгот во шведски круни. Во тоа време, еден биткоин вредеше 40.000 круни, а моментално неговата цена е околу 500.000 круни.

 

Тоа само по себе немаше да биде проблем доколку полицајците ги продадеа веднаш за да го вратат долгот на криминалците од 1.440.000 круни. Сепак, таа задача е одложена до оваа година, кога биткоинот вреди значително повеќе отколку што дилерите должат. Обвинителите успеаја да го покријат целиот долг со само три биткоини.

Тие сега ќе ги вратат преостанатите 33 биткоини во вредност од околу 13 милиони круни на криминалците и ќе ги направат милионери додека издржуваат затворска казна.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote