in

Диносаурус пронајден во Австралија е примерок на нов вид и еден од најголемите!

Огромниот диносаурус, чии остатоци беа пронајдени во 2006 година во Австралија, официјално е идентификуван како примерок на нов вид, наречен Australotitan cooperensis, и е едно од најголемите животни што живееле во светот.

Овој диносаурус спаѓа во групата титаносаури, кои живееле пред скоро 100 милиони години. Примероци од оваа група тревојади диносауруси со долг врат се пронајдени на сите континенти.

Се верува дека бил висок пет до 6,5 метри и долг 25-30 метри, што го прави најголемиот познат австралиски диносаурус.

„Врз основа на споредба на големината на екстремитетите, овој нов титаносаурус е меѓу петте најголеми во светот“, рече Робин Мекензи од Музејот на природна историја во југозападен Квисланд.

Остатоците од тој диносаурус беа откриени во 2006 година на фарма, а за прв пат беа изложени во 2007 година.

Најголемиот познат диносаурус што е откриен во Аргентина до денес, беше претставен во 2017 година. Палеонтолозите проценуваа дека тежи околу 70 тони, односно како десет африкански слонови, а беше долга околу 37 метри.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote