in

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Дизниленд во Калифорнија повторно отворен!

Дизниленд во Калифорнија, по 13 месеци, од вчера повторно прима посетители.

Засега, познатиот забавен парк ќе биде отворен само за жителите на Калифорнија, а капацитетот е ограничен на 25 проценти.

Во исто време, градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, објави дека сите ограничувања во најголемиот американски град ќе бидат укинати до 1 јули.

Отворањето на Дизниленд и слични потези низ Америка се одраз на растечкиот оптимизам во земјата, бидејќи бројот на жртвите Ковид опаѓа и бројот на вакцинирани граѓани расте.

Бројот на жртви од коронавирусот во Америка е поголем од 580.000, но просечниот дневен број на смртни случаи е намален од 3.400 во средината на јануари на околу 670.

До денес, повеќе од 101 милиони Американци ги примиле и двете дози на вакцина, соопштија од Центрите за контрола и превенција на болести.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote