Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ се пласираше во втората рунда од Гренд Слем турнирот кој се одржува во Франција.
Новак стигна до победа во средбата со Тенис Сандгрен во три сетови со резултат 6-2 6-4 6-2. Овие двајца тенисери се среќаваат по четврти пат и сите претходни средби ги доби српскиот тенисер.
Уште на почетокот на натпреварот беше јасно дека Србинот без премногу мака ќе се пласира во втората рунда од Ролан Гарос откако направи брејк за водство во од 2-0 во првиот сет. За помалку од два часа игра Новак го напушти теренот како победник.