in

Кон крајот на мај, постхумни албум на DMX!

Посмртниот албум на раперот од Њујорк DMX ќе биде објавен на 28 мај, помалку од два месеци по смртта на музичарот, објави неговиот продуцент.

Албумот „Exodus“ ќе содржи претходно необјавени песни, изјави продуцентот и додаде дека Exodus е името на еден од синовите на раперот.

ДМХ има 15 деца со повеќе жени.

Њујоршкиот рапер (50) почина од срцев удар на почетокот на април.

ДМХ (50), чие вистинско име е Ерл Симонс, беше популарен кон крајот на 90-тите со хитовите „X Gon’Give It To Ya“ и „Party Up“.

Тој сними неколку албуми, а последниот беше објавен во 2015 година.

Раперот имал проблеми со судството во текот на својата кариера бидејќи во повеќе наврати бил обвинет за поседување наркотични средства, брзо возење, неплаќање алиментација и суровост кон животни. Во последната афера од 2017 година, тој беше осуден на една година затвор за затајување данок. Тој на суд призна дека не пријавил приход од 1,7 милиони американски долари во даночната администрација.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote