Во последните 24 часа се направени 3.143 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на КОВИД-19 во:
• Скопје – 20
• Кичево – 4
• Велес – 3
• Тетово и Виница – по 2
• Куманово, Струмица, Кочани, Свети Николе, Радовиш и Македонска Каменица – по 1.
Пријавени се вкупно 15 починати лица: 3 лица од Битола (70г, 71г и 79г), по 2 лица од Скопје (64г и 75г), Куманово (61г и 78г), Тетово (58г и 60г) и Прилеп (63г и 69г) и по едно лице од Струга (83г), Гостивар (66г), Велес (73г) и Штип (60г).
Регистрирани се 69 оздравени пациенти од:
• Битола – 15
• Скопје – 13
• Струга – 6
• Кичево – 5
• Куманово – 4
• Охрид – 3
• Виница, Свети Николе, Гостивар, Кавадарци, Гевгелија и Ресен – по 2, Велес, Тетово, Струмица, Кочани, Радовиш, Македонска Каменица, Прилеп, Неготино, Делчево, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 776.674 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.063, бројката на оздравени пациенти е 146.869, на починати е 5.311, а бројот на активни случаи изнесува 2.883
in Ковид-19
Коментари
Loading…