Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.

Вкупно се аплицирани 640.886 дози вакцини, а ревакцинирани се 240.651 граѓани.

Вчера вкупно се вакцинирале 12.590 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 9.377 граѓани.

Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 494.389 граѓани.

53% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.

50% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина.

45% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина.

39% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина.
Коментари
Loading…