in

УбавоУбаво СлаткоСлатко

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 10 ФЕВРУАРИ: Лавот пука од самодоверба, Девица ќе го изневери партнерот

Овен

Работа: На Овните им претстои прилично мирен и релаксиран ден, па се очекува задоволително да ги доведат планираните обврски.

Љубов: Не е исклучено барем едно пријатно изненадување од саканата личност, а на вас останува да се опуштите и да возвратите на најубав можен начин.

Здравје: Можни алергиски реакции на кожата.

 

Бик

Работа: Се на се, Биковите крајот на оваа работна недела го дочекуваат доста уморно, но и со чувство дека можеле многу повеќе.

Љубов: Поволен ден е за справување со нерешени дилеми со некоја стара љубов или личност од блиско романтично минато за која сè уште имате убави емоции.

Здравје: Многу добро.

 

Близнаци

Работа: Одличен крај на работната недела е пред типичните Близнаци, а некои можеби веќе планираат активности за претстојниот викенд.

Љубов: Обрнете посебно внимание на можна средба со стара симпатија или драга личност која долго време не сте ја виделе, а која би можела да ве фрли во сериозна дилема.

Здравје: Одлично.

 

Рак

Работа: Еве можност Раковите да одморат кога е обемот на работа во прашање, и навреме и правилно да ги завршат сите планирани обврски.

Љубов: Покажете доволно трпение и разбирање кога се во прашање желбите и потребите на другата страна, пасивното однесување воопшто не се препорачува.

Здравје: Пазете се од настинки.

 

Лав

Работа: Имате доволно квалитет и самодоверба да се справите со сите предизвици со добра тактика и на фин дипломатски начин.

Љубов: Пазете се од ситни или поголеми интриги поврзани со вашиот љубовен живот.

Здравје: Многу добро.

 

Девица

Работа: Нема да ви наштети да проверите сè претходно како и обично. Ве очекува солиден крај на оваа работна недела.

Љубов: Пожелно е да бидете активни и ангажирани на полето на љубовта, каде ве очекуваат убави заеднички моменти.

Здравје: Би уживале во физичка активност.

 

Вага

Работа: Претстои одличен ден за Вагите кои се занимаваат со креативни активности, да го изразат својот потенцијал и да предложат некои нови иницијативи на кругот на соработници со кои делат исти ставови.

Љубов: Овој петок би требало да имате повеќе можности за нови познанства и дружење со пријатни и интересни луѓе.

Здравје: Сосема солидно.

 

Шкорпија

Работа: За повеќето Скорпии нема пречки на професионалниот пат доколку добро се организирале. Не одбивајте помош од постари и искусни лица доколку е потребно.

Љубов: Обидете се да не ја комплицирате дополнително една и онака комплицирана приказна со вашиот придонес, за да избегнете потенцијално разочарување.

Здравје: Спијте добро.

 

Стрелец

Работа: За повеќето Стрелци нема големи предизвици и пречки на професионален план. Денеска може да ви се одземе многу време од обврските кон колегите од вашето блиско опкружување.

Љубов: Организирајте состанок со пријателите, можеби денес ќе запознаете ново романтично познанство.

Здравје: Многу добро.

 

Јарец

Работа: Зголемен обем на работа, пред се на полето на комуникациско-техничката организација, овој петок има пред Јарците. Нема причина да се грижите бидејќи очекувате помош од блиските соработници.

Љубов: Сите активности се насочени кон работата, па веројатно нема да ви остане време за љубовната сфера. Обидете се да постигнете рамнотежа.

Здравје: Можни алергиски реакции на кожата.

 

Водолија

Работа: Поволни околности ќе ги придружуваат Водолиите овој петок, па затоа се препорачува првенствено да ги доведете до крај активностите што сте ги започнале, а во наредните денови ќе има време за нови иницијативи.

Љубов: Денес би можеле да очекувате пријатно изненадување или подарок од саканата личност.

Здравје: Можни вирусни инфекции, настинки.

 

Риби

Работа: Потпрете се на пријателската помош од доверливи луѓе, особено кога станува збор за некои проблеми со документацијата што треба да ги решите.

Љубов: Рибите, најверојатно, денес треба да се опуштат и максимално да уживаат во согласност со нивната заводлива сонлива природа.

Здравје: Одлично.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote