in

СлаткоСлатко

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 13 ОКТОМВРИ: Можете да очекувате судбината да биде на ваша страна! Биковите ќе се одморат, Лавовите се во одлична здравствена состојба, Стрелците се опуштени

ОВЕН

Можете да очекувате да бидете доста зафатени на полето на работата и да имате многу нови обврски. Можно е да ве мачи осаменоста и да се потрудите да стекнете нови познанства. Намален имунитет.

БИК

Ќе имате можност да се одморите од работата. Денешниот ден ви носи можност да се опуштите без многу обврски. Пред вас е период за нови познанства што ќе ве исполнат со позитивна енергија. Здравјето ви е добро.

БЛИЗНАЦИ

Одлично сте расположени и подготвени да се посветите максимално на работата. Ве очекува поволен период за постигнување добри резултати. Сакате да го зачувате бракот и да се посветите на саканата личност. Внимавајте на варењето на храната.

РАК

Не е добар ден за патување или занимавање со какви било документи денес. Подготвени сте да ви се случи нова љубов. Може да очекувате поволен период за заљубување. Грлото ви е подложно на воспаление.

ЛАВ

Пред вас е ден што може да ви донесе нови деловни состаноци и преговори кои ќе ви бидат важни. Ако ви се допаѓа личност која е во вашата блиска околина, ќе имате шанса за интересна средба. Здравјето е одлично.

ДЕВИЦА

Пред вас е ден во кој ќе можете да ги решите проблемите на работа. Задоволни сте од вашите перформанси на ова поле. Среќни сте со партнерот и вашата врска убаво напредува. Се чувствувате сакано. Уживате во физичка активност.

ВАГА

Обидете се да работите на концентрација кога станува збор за работа. Можеби сте склони кон некои помали грешки. Можно е да сретнете личност која ќе ви покаже дека има искрени намери. Можна е главоболка.

ШКОРПИЈА

Имате впечаток дека на полето на работа ќе ви биде тешко да ги решите компликациите настанати поради туѓа негрижа. Ви се допаѓа личност која покажува дека е подготвена да биде поотворена во емоционална смисла кон вас. Внимавајте на нозете.

СТРЕЛЕЦ

Опуштени сте и верувате во позитивни деловни промени. Можете да очекувате судбината да биде на ваша страна. Ве очекува поволен ден во кој ќе остварите ново љубовно запознавање. Нема здравствени проблеми.

ЈАРЕЦ

Сега кога имате можност да ја смените работата, чувствувате доза на носталгија за старото работно место. Ве очекува добар ден за да започнете врска со личност со која флертувате веќе некое време. Здравјето се подобрува.

ВОДОЛИЈА

Соработката со странски држави ви носи повеќе придобивки отколку што очекувавте. Има поволен период за вашата работа. Подготвени сте да го отворите срцето за нови љубовни можности. Полни сте со позитивна енергија.

РИБИ

Имате многу мотивација и посветени сте на работата. Ве очекува период во кој ќе бидете задоволни со вашите резултати. Можно е да имате некои сопирачки на полето на убовта и да не можете да бидете целосно искрени. Проблеми со жолчката.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote