in

СлаткоСлатко

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 15 АПРИЛ: Вагите се нервозни и склони кон кавги, Рибите привлекуваат внимание, а ги очекува ден полн со убави настани

Овен

Денеска ќе делувате како личност која ги става своите интереси пред оние на целиот работен колектив. Сосема е во ред да се борите за себе, но не треба да ги газите останатите. Во последно време, вие сѐ помалку имате трпение и емпатија за проблемите на вашиот партнер. Размислете за последиците.

Бик

Нема да ви биде лесно да ги прифатите промените на вашето работно место. Тоа ќе влијае на вашата концентрација, но и врз плановите за иднината. Понекогаш работите изгледаат сосема поинаку од нечија приказна. Доколку мислите дека сте излажани, не реагирајте бурно.

Близнаци

Ќе ви бидат потребни сигурни информации кои ветуваат успешна соработка или нова деловна добивка. Во дијалогот со саканата личност ќе имате добра проценка на нештата и ќе ви биде важно да ја сослушате во тешките мигови. На крајот од денот, таа ќе ви биде многу благодарна.

Рак

Ќе се залагате за практично и правично решение, но еден од соработниците ќе има скриени намери и упорно ќе се обидува да ви го наметне своето влијание. Избегнувајте нови емотивни провокации. Доколку се чувствувате вознемирено, изберете познато друштво или личност која ви е посветена.

Лав

Лавови, една отворена дискусија со една личност ќе ја илустрира вашата несигурност и немоќ во кругот на деловните соработници. Вие сте под емоционален притисок, ќе мора да испочитувате нечија волја или барање. Нечие однесување ќе ве иритира, но и самите знаете дека таа личност не е виновна.

Девица

Денеска ќе одбиете да прифатите туѓа улога во преговорите, нема да сакате да бидете надвор од главните настани на деловната сцена. Некој ќе ве поттикне да бидете во добро расположение. Во согласност со вашите афинитети, создадете романтична атмосфера за вашиот партнер.

Вага

Денеска ќе се обидете да дознаете некои скриени информации. Ќе имате желба да се докажете преку различни предизвици и во необични ситуации. Не дозволувајте непотребно да влезете во кавга со саканата личност. Одговорете на нечии „сигнали“ или емотивна порака.

Шкорпија

Скорпии, ќе се најдете во една необична деловна ситуација. Многу од прашањата што ги имате засега ќе останат незадоволително одговорени. Не дозволувајте сомнежот кон вашата сакана личност или лошото расположение да преовладува во вас. Потребна ви е позитивна ориентација.

Стрелец

Во периодот што следи, вие добро ќе ги проценувате туѓите намери. Размислете во која насока треба да барате нови одговори и решенија. Попустливоста пред саканата личност не е знак за емотивна слабост. Напротив, препуштете се на љубовта и бидете нежни со неа.

Јарец

Ќе ве привлекуваат големи предизвици, во вас ќе биде поттикнат натпреварувачки импулс и нема да сакате да се задоволите со просечни резултати. Вашиот партнер понекогаш не ги разбира сите ваши идеи, треба да ги разјасните вообичаените недоразбирања.

Водолија

Секогаш постои полесен и потежок пат до успехот, затоа прифатете корисна идеја предложена од вашите колеги. Секогаш е подобро кога размислуваат повеќе умови. Во емотивна смисла, ќе ве очекува ново задоволство кое ќе ја одбележи вашата врска со саканата личност.

Риби

Риби, нема причина да ги мистифицирате вашите деловно-финансиски планови или да игнорирате нечие присуство и покана. Покажете повеќе разбирање и нови изливи на нежност кон вашата сакана. Некој ќе направи сѐ за да ги освои вашите симпатии и емоционална наклонетост.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote