in

СлаткоСлатко

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 15 ЈУНИ: Ве чека бурен период! Овните уживаат во љубовта, Девиците се под стрес, Рибите се загрижени!

ОВЕН

Не е лесно да се фокусирате целосно на работата затоа што сте оптоварени со проблеми на приватно поле. Некој близок покажува дека не е сигурен во вашите мотиви за поврзување со него. Ве чека период на турбуленции. Зголемете го внесот на вода.

 

БИК

Одлуките што ќе ги донесете сега ќе ви бидат многу важни во иднина. Посветете се на себе си и својата кариера. Ако сте загрижени за односот што го имате со вашата сакана, денес би можеле да дојдете до решение. Мали проблеми со притисокот.

 

БЛИЗНАЦИ

Во текот на денот, ќе можете да направите се што сте планирале без многу стрес и напор. Честите несогласувања со личноста што ја интересирате може да ве напнат. Проблеми поради намален имунитет.

 

РАК

Денес ќе имате повеќе среќа од вообичаеното. Ќе имате можност да решите сè што ве загрижува на ова поле. Вашите очекувања на полето на љубовта можеби се премногу високи. Имате тенденција да претерувате. Немате здравствени проблеми.

 

ЛАВ

Бидете подготвени за промените што ве следат во полето на работата. Многу е важно да се позиционирате на вистински начин. Кавгите со саканата личност може на некој начин да ве доведат до состојба на хронична нервоза. Градите се прилично чувствителни.

 

ДЕВИЦА

Многу работи не одат како што сте замислувале, па поради таа причина може да бидете склони кон фрустрации во областа на работата. Денес ќе имате можност да запознаете личност која ќе ви стане важна. Вашите синуси се чувствителни.

 

ВАГА

Ве чека добар период на работа. Може да очекувате дека ќе можете да изградите добар однос со колегите. Подготвени сте да донесете важни љубовни одлуки кои ќе ве направат среќни на долг рок во иднина. Проблеми со тироидната жлезда.

 

ШКОРПИЈА

Денес е неповолен ден за вас кога би можеле да имате многу фрустрации во областа на работата. Неопходно е да се посветите на донесување нови одлуки кога станува збор за вашата врска со саканата личност. Можен е низок притисок.

 

СТРЕЛЕЦ

Вие сте загрижени за вашата работа, со причина. Доаѓа период во кој ќе имате некои проблеми на ова поле. Можно е да сте склони кон создавање проблеми со вашата сакана за ситници. Несоница е можна.

 

ЈАРЕЦ

Вие нема да бидете премногу задоволни од околностите во областа на работата. Можно е да сонувате за промена на ова поле. Доколку денес имате можност за ново љубовно познанство, треба да го искористите. Вашиот нервен систем е чувствителен.

 

ВОДОЛИЈА

Ве очекуваат мали недоразбирања со колегите. Ве очекува комплициран ден за деловното поле. Нема нови случувања кога станува збор за вашето поле на убов. Засега, вашата состојба е монотона. Грбот е чувствителен.

 

РИБИ

Очекувате премногу од работа во која не сте вложиле доволно време. Испитајте ги вашите мотиви и напори на ова поле. Чувствувате дека има доза на неискреност од страна на вашиот партнер кон вас и тоа многу ве загрижува. Избегнувајте алкохол.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote