in

СлаткоСлатко

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 18 ЈУЛИ: Шкорпиите држат се под контрола, а еден знак ќе го добие она што треба Овенот со одлично здравје, Бикот да биде поопуштен, Ракот да се дружи

Овен

Работа: вредните Овни имаат солидни предиспозиции да постигнат многу добри деловни резултати уште на самиот почеток, и покрај предизвиците. Бидете упорни.

Љубов: Почетокот на оваа недела во љубовната сфера можеби нема да биде баш како што очекувавте. Важно е да дозирате нетрпеливост и да не правите избрзани потези бидејќи во овој момент навистина нема потреба од тоа.

Здравје: Одлично.

Бик

Работа: Со малку добра волја и многу компромиси, веројатно ќе успеете да одржите коректни односи со оние со кои директно соработувате и конечно денес ќе решите некои отворени прашања.

Љубов: Работете малку на порелаксирана комуникација со саканата личност. Потребен ви е поинаков пристап, а не тврдоглаво да се држите до вашите принципи.

Здравје: Пазете се од физички повреди.

Близнаци

Работа: Многу работи овој понеделник нема да зависат само од вас, па затоа треба да бидете максимално трпеливи во комуникацијата со деловното опкружување.

Љубов: Генерално, оваа недела треба да донесе повеќе релаксација во вашата врска, па потрудете се да остане така долго време.

Здравје: Пазете се од инфекции, зајакнете го имунитетот.

Рак

Работа: Раковите на самиот почеток на оваа работна недела би можеле да бидат растргнати меѓу бројни обврски кои ги очекуваат, почнувајќи од состаноци и разни договори, кои можат да ви создадат напнатост.

Љубов: Денот е многу поволен за излегување, дружење со пријателите и опуштање од стресниот ден.

Лав

Работа: Можеби уште на самиот почеток ќе треба да ги приспособите вашите планови на постоечките услови во деловното опкружување, а сето тоа ќе потрае многу време, но ќе ги подобри деловните резултати.

Љубов: Слободни Лавови, има контакти со спротивниот пол, има и личност која ви е во умот, но се уште ништо не води кон реализација.

Здравје: Многу добро.

Девица

Работа: На Девиците им претстои многу напнат почеток на работната недела, особено на полето на комуникација со некои од соработниците и чувството дека постојано се враќате чекор назад.

Љубов: Треба да се опуштите, да се опуштите и да ги оттргнете мислите од здодевното секојдневие, затоа направете го првиот чекор.

Здравје: Можни алергиски реакции.

Вага

Работа: Во оваа работна недела ќе бидете подготвени да излезете од досегашниот начин на функционирање, бидејќи изминатиот период ве научи дека е неопходно да се отворат некои нови врати. Само напред.

Љубов: Потрудете се да организирате заедничко излегување, или да се соберете со заеднички пријатели, ќе уживате во релаксација во друштво на саканите.

Здравје: Можни осцилации на крвниот притисок.

Шкорпија

Работа: На повеќето Скорпии им претстои солиден почеток на работната недела. Треба да држите сè под контрола и да ги решавате проблемите чекор по чекор.

Љубов: Обидете се да ги исполните заедничките моменти со некои убави настани, почесто излегувајте, дружете се, забавувајте се.

Здравје: Ниска енергија.

Стрелец

Работа: Имате обврски од сите страни, во последен момент ќе имате голем број на промени во договорите, па наоружајте се со трпение и се ќе решите без поголеми проблеми.

Љубов: Не се препорачува префрлање на напнатоста и нервозата во љубовната сфера, бидејќи може дополнително да ги искомплицирате работите и да ги зголемите тензиите.

Здравје: Намален имунитет.

Јарец

Работа: На почетокот на неделата околностите ќе се променат во ваша корист и ќе го добиете она што го заслужувате и со право. Бидете упорни и истрајте уште.

Љубов: Искористете го овој добар период за да планирате заеднички цели, да ја насочите целата енергија на вашата врска и да бидете целосно посветени на саканата личност.

Здравје: Многу добро.

Водолија

Работа: Доста напорен почеток на работната недела е пред Водолијата и психички и физички, па ќе ви треба дополнителен напор и фокус за да се справите со сето тоа.

Љубов: Поволен ден е да се посветите на некои заеднички активности со саканата личност и да уживате во меѓусебното разбирање и поддршка.

Здравје: Проверете го крвниот притисок.

Риби

Работа: Критики од претпоставените поради недоволна вклученост, или некои грешки би можеле да бидат добредојдени од Рибите овој понеделник. Воздржете се од посериозни вербални конфликти, се ќе решите.

Љубов: Доколку сеуште ја чекате вистинската прилика, еве го денот кога на повидок би можела да се појави многу интересна личност.

Здравје: Пазете се од настинки.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote