in

СлаткоСлатко

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 21 ЈУЛИ: Совршен ден за Лавот, додека 4 знаци ги очекува вистински љубовен хаос Рибите се задоволни од моменталната ситуација, Стрелците уморни, Вагите спремни за одмор

Овен

Работа: Не е реално да се очекува дека секој може и сака да го следи вашето неуморно темпо на работа, па денес би можеле да покажете одреден степен на флексибилност и малку да забавите. Поволни околности има и во финансискиот сегмент, можни се приливи од повеќе извори.

Љубов: Минатото се повеќе е зад вас и подготвени сте да си дадете шанса за нешто сосема ново.

Здравје: Вратете ги спортските активности во вашиот живот доколку сте ги запоставиле.

 

Бик

Работа: Она на што треба да внимавате се односите со колегите на работа, можни се вербални дискусии и интриги, бидејќи конкуренцијата е присутна насекаде околу вас.

Љубов: Конкретната иницијатива денес би можеле да и ја препуштите на другата страна и ќе се опуштите.

Здравје: Пазете се од полесни повреди.

 

Близнаци

Работа: За да ги надминете новите деловни пречки, ќе имате корист од разбирањето и добрата комуникација со докажани долгорочни соработници.

Љубов: Иако можеби има повеќе луѓе кои се заинтересирани за вас, вие моментално преферирате контакт и опуштање со пријателите, што не е лошо.

Здравје: Пазете се од настинки.

 

Рак

Работа: Брзината и површното гледање на работите може да доведат до вербални конфликти и несогласувања со деловното опкружување.

Љубов: За денес нема астролошки индикации за некакви капитални промени на љубовно поле, најмногу сте преокупирани со себе и бројни обврски.

Здравје: Метеоропатски реакции.

 

Лав

Работа: Многу поволен ден можат да очекуваат родените во знакот Лав, особено ако има можност да започнете нов деловен проект. Ве очекува поддршката од претпоставените.

Љубов: Она што би можело да ја размрда денешната рутина е излегувањето и доброто време со добро друштво.

Здравје: Многу добро.

 

Девица

Работа: Не ги преанализирајте вашите постапки и одлуки, морате побрзо да реагирате и да ги донесете во моментот.

Љубов: Иста цел, исто растојание, па доколку сте задоволни од моменталната љубовна ситуација, уживајте во неа, во спротивно почекајте подобар момент за поголема ангажираност.

Здравје: Спијте доволно.

 

Вага

Работа: Проблемите во техничката организација можат малку да ве пореметат и успорат, но во никој случај не се непремостлива пречка.

Љубов: Размислете за заедничко патување, одмор, странство.

Здравје: Внимавајте на исхраната и движете се повеќе.

 

Шкорпија

Работа: Сфатете го повремениот слаб фокус и концентрација како предупредување да не правите повеќе работи во исто време.

Љубов: Обидете се да се опуштите и да дозволите природниот редослед на настаните да се одвива без да размислувате премногу.

Здравје: Спијте доволно.

 

Стрелец

Работа: Крајот на работниот ден треба да го дочекате со објективни причини за да бидете позадоволни отколку што можевте да замислите, во најпозитивното професионално сценарио.

Љубов: Некој близок може да ви испрати критики за незадоволство поради недоволна посветеност и паѓање во рутина. Смени нешто.

Здравје: Физички замор, исцрпеност.

 

Јарец

Работа: Не грижете се, доколку денес треба да направите некои корекции на патот до реализација на поставените задачи, сепак ќе успеете да направите се како што треба.

Љубов: Ќе ви треба одредена флексибилност и разбирање денес во сферата на партнерските односи.

Здравје: Главоболка, избегнувајте долг престој на сонце.

 

Водолија

Работа: Солиден ден на полето на професионалниот ангажман за повеќето Водолии ќе значи и причина за задоволство. Обидете се да ставите крај на некои зделки на најдобар можен начин.

Љубов: Иако има настани поврзани со нова симпатија, сето тоа оди некако бавно и со половина срце без потребниот интензитет.

Здравје: Внимавајте на респираторниот систем.

 

Риби

Работа: Денеска не е препорачливо да се занимавате со дополнителна работа, прво направете ги најважните работи во сферата на веќе планираното. Доколку е потребно, побарајте помош.

Љубов: Имате многу добри астролошки предиспозиции да поминете многу квалитетно време во заеднички активности и дружење со саканата личност. Иницијативата е ваша.

Здравје: Многу добро.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote