in

СлаткоСлатко

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 21 НОЕМВРИ: Биковите ги измачува сомнежот, Стрелците се под стрес на работа, а ЌЕ УЖИВААТ во секој момент

Овен

Работа: Од самиот старт на оваа работна недела ќе мора максимално да се пресметате со времето, трошоците, меѓучовечките односи и надворешните влијанија.

Љубов: Неопходно е да промените нешто за да ја прекинете воспоставената рутина. Вие самите најдобро знаете што е тоа.

Здравје: Бидете во движење, ќе уживате во физичката активност.

Бик

Работа: Оваа недела мора да бидете во чекор со промените кои се неизбежни, но можеби малку пребрзи за вашиот вообичаен работен ритам.

Љубов: Некои ситуации ве оптоваруваат и размислувате колку партнерот е искрен со вас. Разговор.

Здравје: Одлично.

Близнаци

Работа: Овој понеделник ќе има силно нагласени деловни активности со Близнаците, кои би можеле да се започнат со нечија максимална поддршка.

Љубов: Комуникацијата е на задоволително ниво, бидете поопуштени, лежерни и се ќе биде во ред.

Здравје: Чувствителност на урогениталниот тракт.

Рак

Работа: Денеска нема непремостливи работни пречки за вас, само немојте премногу да ги форсирате вашите ставови и методи на работа.

Љубов: Сите помали проблеми и несогласувања треба да се тргнат на страна и да се препуштите на уживањето.

Здравје: Одморете се доволно.

Лав

Работа: Многу работи од страна ќе влијаат на вас, носејќи ви пречки во комуникацијата со колегите и претпоставените, затоа бидете трпеливи денес.

Љубов: Немањето трпение и чувствителност кон секоја ситница не се добри ниту за партнерските односи. Потребна ви е поголема самоконтрола.

Здравје: Поради зголемениот внес на храна, постои можност да се здебелите некој килограм плус.

Девица

Работа: Потрудете се да ги завршите работите што зависат од вас, без разлика дали се работи за документација, аранжмани или комуникација на информации.

Љубов: Анализирајте ја вашата врска малку повеќе. Има многу што се насобра во претходниот период, замор, немотивираност или сте заборавиле да си пријдете на вистински начин, тоа е сосема небитно.

Здравје: Пазете се од полесни физички повреди.

Вага

Работа: Вага избегнувајте секаков финансиски ризик, сомнителни соработници и работни места кои не сте ги проучиле детално и не сте ги провериле од повеќе страни.

Љубов: Потрудете се да приредите пријатни изненадувања за вашата сакана и ќе ви биде возвратено.

Здравје: Посветете малку повеќе време на физички активности.

Шкорпија

Работа: Можете да склучувате добри зделки, особено со докажани деловни партнери или странски соработници. Храбар напред.

Љубов: Споделете го вашето добро расположение со саканата личност, а можно е и таму да ве очекува пријатно изненадување. Уживајте.

Здравје: Чувствителност на урогениталниот тракт.

Стрелец

Работа: Решете ги сите отворени и нерешени прашања и ситуации поврзани со финансиската сфера. Работата може да ви одземе многу енергија и нерви денес.

Љубов: Спасот од напорниот ден може да се најде во прегратките на саканата личност. Уживајте, пред вас е добар период за љубов.

Здравје: Намален имунитет.

Јарец

Работа: Некои договори почнуваат да даваат поконкретни резултати и со задоволство ќе забележите дека тензијата се намалува.

Љубов: Организирајте убаво дружење во помал круг на луѓе, опуштете се.

Здравје: Можни алергиски реакции.

Водолија

Работа: Пред вас се отвора период на нови можности и нови промени, кои можат да ве одведат многу подалеку отколку што моментално мислите. Одете напред кон нови победи.

Љубов: Слушајте го вашиот внатрешен глас и вашата интуиција. Обидете се да направите работите да функционираат помеѓу вас и вашиот партнер, иако понекогаш тоа не ви е така лесно.

Здравје: Можни болки во грбот.

Риби

Работа: Можни се мали проблеми во комуникацијата со соработниците. Обрнете внимание на информациите што ги добивате, проверете ги неколку пати.

Љубов: Обидете се да гледате во иднината, а минатото оставете го таму каде што припаѓа.

Здравје: Проверете го крвниот притисок.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote