in

СлаткоСлатко

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 25 ФЕВРУАРИ: Флертувањето може да се претвори во страсна љубовна врска! Близнаците ги очекува важен деловен состанок, Ракот итно ќе го промени начинот на исхрана!

Овен

Работа: Овој ден може да ви донесе ненадејно службено патување и успешни деловни преговори. Финансиската состојба ви се подобрува.

Љубов: Флертувањето на работа може да се претвори во страсна љубовна врска и нешто многу повеќе отколку што очекувавте.

Здравје: Солидно.

Бик

Работа: Тесните врски ќе донесат негативна струја во атмосферата на овој ден. Бидете внимателни и бирајте зборови во односите со колегите и претпоставените.

Љубов: Венера минува низ вашето поле на емотивни врски и ќе ви донесе вистински бум во односот со партнерот.

Здравје: Солидно.

Близнаци

Работа: Важен деловен состанок ќе одлучи за понатамошната насока на вашиот бизнис. Вашата сугестивност во преговорите ќе игра голема улога.

Љубов: Слободните Близнаци преку работа можат да запознаат интересна личност во знакот Лав или Водолија.

Здравје: Страдате од алергии.

Рак

Работа: Ви се дава можност да завршите работа на долгорочен проект. Ќе имате многу причини да се гордеете со вашите резултати.

Љубов: Љубовниот состанок овој ден ќе ги оживее оние стари добро познати пеперутки во вашиот стомак.

Здравје: Променете ја исхраната.

Лав

Работа: Денеска бидете внимателни во комуникацијата бидејќи може погрешно да ве разберат. Добро проучете го секој документ пред да го потпишете.

Љубов: Уживате во топлината на вашиот дом, опкружени со семејството. Ве очекува заедничко патување со партнерот.

Здравје: Солидно.

Девица

Работа: Строго придржувајте се до однапред поставените приоритети за да не се изгубите во деталите. Ве очекува финансиска добивка.

Љубов: Можноста за недоразбирање со партнерот денес е исклучително голема. Внимателно бирајте ги зборовите во комуникацијата.

Здравје: Намален имунитет.

Вага

Работа: Пофалбите за постигнатите резултати од претпоставените и вашите колеги ќе ве направат многу горди. Финансиската состојба е се подобра и подобра.

Љубов: Предизвикани сте да го пробате забранетото овошје. Постои можност да стапите во тајна врска.

Здравје: Солидно.

Шкорпија

Работа: Успешна соработка со странска компанија или лице од странство. Клучот за успехот на овој ден е добрата комуникација и усогласувањето на различните ставови.

Љубов: Останувањето на Венера во вашиот знак ја засилува вашата потреба за љубов. Несогласувања во семејството.

Здравје: Нервоза.

Стрелец

Работа: Овој ден ќе биде одбележан со ненадејно патување, но ќе донесе многу конструктивни резултати за вашиот бизнис. Финансиската состојба се подобрува.

Љубов: Излегувањето во друштво ќе ви донесе запознавање со многу интересна личност во знакот Овен или Водолија.

Здравје: Главоболка.

Јарец

Работа: Овој ден ќе означи успех на финансиски план. Можни се добивки од неочекуваното, преку соработка од која веќе сте се откажале.

Љубов: Конфликтни ситуации со партнерот може да настанат поради различни погледи на заедничка иднина.

Здравје: Лоша циркулација.

Водолија

Работа: Марс во вашиот знак ќе внесе нова динамика во вашиот бизнис. Сепак, деловниот напредок ќе зависи од подготвеноста за компромис во вашите преговори.

Љубов: Флертувањето на патување може да ви донесе многу возбуда и страст. Тоа ќе биде врска базирана повеќе на физичка привлечност.

Здравје: Лоша циркулација.

Риби

Работа: Непредвидена ситуација на финансиски план може да создаде доцнење во реализацијата на вашите планови. Подгответе резервен план.

Љубов: Ве очекува ново поглавје во љубовта и почеток на врска со личност која долго ви се допаѓа.

Здравје: Солидно.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote