in

СлаткоСлатко

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 27 СЕПТЕМВРИ: Лавот шири лажни информации и полувистини, а 4 знаци ќе имаат проблеми на работа Хороскопот за вторник, 27 септември вели дека Раковите конечно ќе најдат љубов, а Девицата ќе мора да замине на службен пат.

Овен

Работа: Во овој вторник би можело да ве очекува промена на планот, или барем некој важен детал, во однос на се што сте планирале во работната сфера.

Љубов: Најверојатно, во текот на овој ден можете да очекувате не големо, но секако пријатно изненадување на полето на љубовните врски.

Здравје: Нервоза, напнатост.

Бик

Работа: И овој вторник ве очекува стабилна деловна клима со можност за почеток на некои проекти кои беа во мирување.

Љубов: Стабилно ќе биде и на вашето љубовно поле. Вие и вашиот партнер сте на слични бранови должини и потребно е само малку труд од ваша страна за да ја насочите оваа врска во насоката што ја сакате.

Здравје: Многу добро.

Близнаци

Работа: Близнаци, на самиот старт ве очекува зголемен обем на обврски, но затоа ќе ве следи и завршување и конечно реализирање на она што веќе некое време сте го започнале.

Љубов: Добро би било што поскоро да се ослободите од заостанатите долгови, пред се поврзани со документацијата, за да не ја натрупувате работата непотребно.

Здравје: Можна главоболка.

Рак

Работа: Ако работите во странство, може да дојде до прекин предизвикан од проблеми од хартиена природа. Не се нервирајте, бидејќи ништо не зависи од вас.

Љубов: Имате солидна ситуација на полето на љубовните врски, што пред се уживате во вниманието кое ви го дава саканата личност.

Здравје: Би уживале да го поминувате времето на отворено.

Лав

Работа: Пред Лавовите е уште еден од поопуштените денови на работа, ве очекуваат претежно рутински секојдневни обврски.

Љубов: Доколку нешто не ви одговара во постоечката врска, добра можност е да се справите заедно со тоа и да работите на корекции.

Здравје: Многу добро.

Девица

Работа: Ќе имате многу квалитетни контакти и комуникација со луѓе од кои ќе можете да слушнете важни информации и да добиете добри совети за во иднина.

Љубов: Доколку сте задоволни од ситуацијата на полето на љубовните врски, денес нема причина ништо да менувате, но доколку спаѓате во незадоволната група, сега е вистинско време сериозно да разговарате за се.

Здравје: Исправете ги лошите животни навики.

Вага

Работа: Зголемен обем на обврски и денеска е пред Вагите. Побарајте помош, поддршката многу ќе ви значи, ќе можете да ги исполните поставените рокови.

Љубов: Ви претстои одличен ден. Искористете ја можноста да излезете и да поминете време со саканата личност.

Здравје: Многу добро.

Шкорпија

Работа: Во текот на овој вторник би можеле да бидете многу зафатени на работа, но ќе поминете со помала иритација.

Љубов: Би уживале во дружењето со пријателите, пријателски совет.

Здравје: Можна главоболка.

Стрелец

Работа: Потенцијалното незадоволство на професионален план може да се ублажи ако размислите за начините соодветно да се прилагодите на новонастанатата ситуација. Не двоумете се да побарате помош.

Љубов: Добро би било вашето негативно расположение да не го префрлите во љубовната сфера. Очекувајте разбирање од саканата личност.

Здравје: Зајакнете го имунитетот.

Јарец

Работа: Може да дојдете во конфликт со властите, што само ќе ги забави деловните текови. Обидете се да бидете пофлексибилни и поотпорни на критики.

Љубов: Променливо расположение е на вашиот љубовен хоризонт. По принципот топло-ладно, малку вака – малку онака.

Здравје: Оптоварување на колената и зглобовите.

Водолија

Работа: Денеска би можеле да се разграните и во неколку деловни области, бидејќи ќе пристигнат нови предлози, а некои од вашите идеи ќе бидат лансирани. Од друга страна, имате еден куп заостанати работи што треба да ги направите, но се правите дека не ги забележувате.

Љубов: Не бегајте отворено да разговарате со саканата личност за дилеми кои ве мачат веќе некое време.

Здравје: Намален имунитет.

Риби

Работа: Има и одредени проблеми од хартиена природа, но и можност за откривање на некои грешки кои вие или некој друг ги направил во претходниот период. Проверете сè двапати, за да не се каете подоцна.

Љубов: Дружете се со заеднички пријатели, излезете, дајте му нова димензија и позитивна енергија на вашето партнерство.

Здравје: Можна настинка или вирус, зајакнување на имунитетот.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote