in

СлаткоСлатко

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 8 ЈУЛИ: Шкорпиите ги очекува прекрасен ден, и целосен пресврт на работа Јарецот е уморен, Девицата е возбудена, Бикот е задоволен, Стрелецот е во депресија

Овен

Работа: Иако имате многу идеи и планови за овој петок, добро би било нивното започнување да го одложите за подоцна, а да се занимавате со завршување на заостанатите работи и многубројните документи.

Љубов: Може да очекувате пријатно изненадување и средба со стара симпатија. Уживајте.

Здравје: Можни метеоропатски реакции.

Бик

Работа: Можно е денеска да добиете конкретен предлог за соработка со странци или со странство, па бидете подготвени за дискусии на таа тема.

Љубов: Доколку сте слободни, ве очекува интересно познанство преку социјалните мрежи или преку пријателите.

Здравје: Променливо расположение.

Близнаци

Работа: Иако би сакале да правите многу работи, тоа ќе биде сосема доволно да го завршите започнатото, пред се поврзано со документацијата.

Љубов: Не е реално да очекувате големи промени кога се во прашање нови познанства, сè најмногу се сведува на флерт и неврзан разговор.

Здравје: Нежност на зглобовите.

Рак

Работа: Нема причина да не бидете задоволни на крајот од оваа работна недела, бидејќи можете да очекувате пофалби од претпоставените.

Љубов: Бидете иницијатор за некое убаво и опуштено дружење со пријателите, раздвижете се, се е на ваша страна.

Здравје: Можна несоница.

Лав

Работа: Покажете разбирање и трпение доколку во текот на овој ден некои ваши идеи или проекти не бидат одобрени во деловното опкружување. Ќе има подобри можности за нивно лансирање во блиска иднина.

Љубов: Можно е некоја донекаде интригантна личност да ви го привлече вниманието, па доколку сакате енигми, слободно впуштете се во авантура.

Здравје: Би уживале во физичка активност.

Девица

Работа: Обидете се да се вратите на некои претходни ситуации и повторно да ги погледнете, ќе видите каде сте згрешиле и како тоа би можело да се поправи.

Љубов: Добро би било да го слушате сопствениот глас на разумот и да не влегувате во непотребно комплицирани љубовни ситуации.

Здравје: Многу добро.

Вага

Работа: А во текот на овој петок би можеле да очекувате комуникација со поранешните колеги или деловни партнери, а не е исклучена и понудата за нова соработка.

Љубов: Доволно интересно запознавање со помлада личност денес би можело да ви го преокупира вниманието. Уживајте.

Здравје: Многу добро.

Шкорпија

Работа: Успешното надминување на денешните деловни пречки може малку да ве забави во некои важни технички детали, но нема причина за голема загриженост.

Љубов: Можете да запознаете личност со која ќе сакате нешто повеќе од површно запознавање и флерт.

Здравје: Можни кардиоваскуларни проблеми.

Стрелец

Работа: Без разлика на вложениот огромен труд и енергија, денешните деловни резултати на најтипичните претставници на овој знак ќе бидат послаби од очекуваното, а можно е и пробивање на роковите за завршување на некои работни места.

Љубов: Во љубовната сфера резултатите би можеле да бидат солидни, секако доколку преземете иницијатива и дадете конкретен придонес.

Здравје: Ментален стрес, можна главоболка.

Јарец

Работа: Со добро воспоставени и сигурни чекори, повеќето Јарци успешно ги надминуваат деловните пречки, од кои денес можеби има неколку, главно поврзани со документација и формалности.

Љубов: Планирајте состанок, дружење со пријателите, ќе уживате во дружењето во позитивно опкружување.

Здравје: Треба сериозно да размислите за некои лоши навики.

Водолија

Работа: Реално е да очекувате зголемен притисок во однос на роковите за завршување на обврските. Нема причина да се грижите ако се организирате малку подобро.

Љубов: Иако нема конкретни причини за незадоволство, денес би можеле да ви биде прилично непријатно во разговор со саканата личност.

Здравје: Проверете ја работата на ендокрините жлезди.

Риби

Работа: Рибите во текот на овој петок ги очекуваат многу деловни испитувања, особено во однос на усогласување на работата со оние соработници кои имаат поинаков поглед на актуелните прашања.

Љубов: Можна ненадејна појава на личност од вашето љубовно минато. Размислете добро дали вреди да започнете нешто повторно и да се вратите на стариот начин.

Здравје: Можна главоболка, проблеми со спиењето.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote