in

СлаткоСлатко

Ќе се произведе инекција за мамурлак

Американските научници истражуваат дали со помош на „инјекција за трезвеност“ би можело да им се помогне на алкохоличарите да закрепнат од негативните последици од мамурлакот.

Истражувачите од Универзитетот „Саутвестерн“ во Тексас на лабораториските глувци им инјектирале „прекумерна“ доза на етанол, што е еквивалент на прекумерното консумирање алкохол кај луѓето.

Потоа, како дел од истражувањето, на „алкохолизираните“ животни им бил вбризган хормонот FGF21 (фибробласт фактор на раст 21), кој се наоѓа во црниот дроб.

 

Тие откриле дека на глувците со пониски природни нивоа на хормонот им треба подолго време да се опорават од другите.

Се покажа дека високите дози на FGF21 „значително го забрзуваат“ процесот на отрезнување преку стимулирање на мозочните клетки поврзани со возбудувањето – дури и кога нивото на етанол во нивното тело се променило.

Познато е дека FGF21 штити од негативните ефекти на алкохолот со тоа што побрзо го разградува и ги стимулира мозочните клетки.
Глувците беа тестирани за исправување на рефлексот и рамнотежата по изложување на етанол.

Водачот на студијата д-р Стивен Клив од Универзитетот во Тексас рече дека се надева дека FGF21 ќе биде корисен во лекувањето на пациентите кои пристигнуваат во болница со акутно труење со алкохол.

„Зголемената внимателност на пациентот би ни користела во вакви ситуации, пред се затоа што би ја избегнале потребата од интубација, а треба да запомниме дека пациентите во несвест може да се задушат во сопствената плунка, но и да го забрзаат процесот на проценка и третман на други повреди кои често се случуваат истовремено“, рече тој.

„Откривме дека црниот дроб не е вклучен само во разградувањето на алкохолот.

Резултатите од студијата се објавени во стручното списание „Cell Metabolism“.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote