in

WTFWTF Што?Што?

Додаток во кафе кој може да помогне при слабеење

Кафето само по себе е добар сојузник во губење на тежината, но може да биде уште подобро.

Овој, омилен пијалок, ќе го забрза метаболизмот, а доколку вежбате и јадете правилно, тоа може да резултира со потенка половина и порамен стомак. Се разбира, за тоа треба да пиете чисто црно кафе.

 

Нутриционистката Лиза Ричардс предупредува дека разните пијалоци од кафе можат да додадат калории во дневниот внес, без ние тоа да го сфатиме веднаш. Покрај тоа, ако пиете шеќерно кафе со вкусови, тешко е да се ослободите од него, па затоа најдобро е да се држите до обичното кафе, пишува Eat This, Not That.

Прашањето е како може обичното црно кафе да се подобри толку многу што да резултира со порамен стомак? Треба едноставно да додадете цимет на него.

„Циметот ја стимулира термогенезата во телото“, објаснува Ричардс.

Тоа е процес на загревање на телото и може да доведе да согориме повеќе калории. Покрај тоа, циметот е природна опција за стимулирање на термогенезата и секако е подобар избор од разните додатоци кои можат да го сторат истото.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote