in

Скоро секоја седма личност страда од долгорочната корона!

Скоро секоја седма личност со позитивен тест за ковид-19 чувствува симптоми три месеци подоцна, според новите податоци на Обединетото Кралство.

Најголемото истражување за долгорочната корона на британскиот Завод за национална статистика (ОНС) покажа дека луѓето со вирусот пријавуваат здравствени проблеми, вклучувајќи болка во мускулите и замор, многу почесто од општата популација.

Во примерок од повеќе од 20.000 луѓе кои биле позитивни на коронавирусот помеѓу април минатата година и март годинава, 13,7 проценти чувствувале симптоми најмалку уште 12 недели. Тоа беше осум пати повеќе отколку во контролната група на луѓе кои веројатно немале корона, според ОНС. Од оние кои биле позитивни на тестот, една петтина или 21 процент сепак имале симптоми пет недели по тестирањето.

Жените почесто пријавувале долготрајна корона отколку мажите, 14,7 проценти во споредба со 12,7, а таа била најраспространета кај оние на возраст од 25 до 34 години.

Во поголем примерок на луѓе со и без тестови, ОНС процени дека 1,1 милиони луѓе се соочиле со долготрајна корона за четири недели до 6 март. Од таа бројка, околу 697.000 луѓе имале корона за прв пат или мислеле дека се разболеле од оваа болест најмалку 12 недели претходно, додека 70.000 првпат се соочиле со вирусот или мислеле дека се заразиле пред една година.

Се проценува дека долгорочната корона негативно влијае на секојдневните активности на 674.000 луѓе, додека 196.000 пријавиле дека таа строго ги ограничува во извршувањето на секојдневните активности.

Од оние кои сами пријавиле долготрајна корона, оние кои биле на возраст од 35 до 69 години биле најпогодени, следени од жени, луѓе кои живеат во најсиромашните области, здравствени или социјални работници и оние со истовремени болести.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

-1 поени
Upvote Downvote