in

Домашен мелем за јаки и здрави нокти: Потребни ви се само овие две состојки за да го подготвите!

Зајакнете ги вашите нокти на сосема природен начин

Ако сакате долги и силни нокти, мора да се грижите за нив на вистински начин. Ако се борите со кршливи и лушпести нокти, испробајте го ова целосно природно решение.

Сè што треба да направите е да изгмечете чешне лук и да го истриете на ноктите, да го држите околу половина час, а потоа да ги измиете рацете. За да помогнете да се ослободите од мирисот, ставете малку лимон и истријте го на рацете. Овој популарен зеленчук се покажа како многу моќна алатка за зајакнување на ноктите.

Може да направите и мелем за нокти, во тој случај ќе ви треба едно чешне лук и половина шише безбоен лак.

Начин на подготовка:

Исечкајте го чешнето лукче и ставете го во безбоен лак. Оставете да отстои 48 часа. Потоа можете да користите.

Секој втор ден, ставете еден слој и така натаму 5 пати. После тоа, извадете го лакот и повторете друга серија. По околу 10 дена, ноктите треба да бидат многу посилни.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote