in ,

СлаткоСлатко

НАПРАВЕТЕ ДОМАШЕН ОСВЕЖУВАЧ ЗА ТЕПИСИ! Цела куќа ќе ви мириса прекрасно!

Тепихот впива разни мириси, кои со текот на времето се шират, а не е решение постојано да се мие. Разни купечки освежувачи се полни со хемикалии, што значи дека се многу нездрави.

Природен освежувач за теписи можете сами да направите дома, со помош на зачини кои сигурно ги имате во кујната. Освен што ефикасно ги отстранува непријатните мириси од тепихот, овој освежувач и ќе го исчисти.

Свежина и пријатен мирис ќе се чувствуваат насекаде низ куќата.

Циметот е главната состојка во овој освежувач

Состојки:

  • – една кафена лажичка цимет
  • – една лажичка мелено каранфилче
  • – три лажици сода бикарбона
  • – една кафена лажичка сушени билки (лаванда или рузмарин)

Подготовка:

Во длабок сад измешајте ги сите состојки и распределете ги по целиот тепих во мали количини. По 20-30 минути исчистете го тепихот со правосмукалка.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote