in

Трамп не се откажува, најави битка за Белата Куќа!

Актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, синоќа во говор за поддршка на двајца кандидата за сенатори на повторните избори во Џорџија, истакна дека „нема да ја даде” Белата куќа на претставникот на Демократската партија, Џо Бајден.

Бајден во декември беше прогласен за официјален победник на претседателските избори во 2020 година.

Трамп истакна дека „победата ми е украдена”, и покрај „големата разлика” во гласови во полза на Бајден, и вети битка за претседателската функција ако демократите ги „окупираат” Сенатот и Белата куќа.

Медиумите во САД претходно објавија снимка од скандалозен телефонски разговор на претседателог со Бред Рафенспергер, државен секретар на оваа сојузна држава, во кој тој наговара Рафенспергер да ги поништи изборните резултати во Џорџија.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote