in

ТаженТажен

Доживеал клиничка смрт – Маж тврди дека се нашол на „другата страна“

Писателот Кевин Хил (55) се соочува со последиците од многу тешка и ретка болест на калцификација. Иако докторите правеле сè за да го спасат, во еден момент животот му висел на конец. Како што нагласува, се нашол на „другата страна“ и почувствувал како е да се умре и да се врати во живот.

Срцето на Кевин Хил престанало да чука во болницата Дерби Ројал во Лондон, каде што долго се лекувал. Имено, калцификацијата е многу сериозна и ретка состојба што се карактеризира со изумирање на клетките (некроза) на масното ткиво и ткивата на кожата. Таа предизвикува болни чирови и може да доведе до посериозни инфекции во телото што можат да резултираат со смрт. Луѓето што страдаат од оваа болест обично се соочуваат и со откажување на бубрезите, или се на дијализа или имале трансплантација на бубрег.

Иако не е позната причината за калцификација, Кевин се соочувал со страшни последици. Во еден момент почувствувал како се одвојува од телото.

„Не гледав во своето тело, бев одвоен од телото. Како да се наоѓав во духовно царство, бев свесен што се случува, но имав голем мир. Не видов никаква светлина, како што други го опишуваат моментот на клиничка смрт“, раскажал тој.

Бил клинички мртов неколку минути, а потоа лекарите се обидувале да го реанимираат. Кевин рекол дека од страна ги гледал болничките работници како се обидуваат да го спасат.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote