Повеќе од 250 лица беа убиени во обидот за државен удар.
Турски суд денеска изрече десетици доживотни казни затвор на неколку од скоро 500 лица, вклучително и на неколку воени команданти и пилоти, обвинети за учество во обид за државен удар во 2016 година од воздухопловната база во близина на Анкара, објави турската новинска агенција Анадолија. .
Анадолија и другите медиуми јавуваат дека 25 пилоти биле осудени на доживотен затвор и дека четворица цивили биле осудени на по 79 доживотни затворски казни.
Поранешниот командант на воздухопловството Акин Озтурк и други од авионската база во близина на Анкара се обвинети за организирање државен удар и бомбардирање на владини институции, вклучително и зградата на парламентот, во обид за атентат врз претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Судењето беше едно од најистакнатите меѓу неколку десетици слични, во кое беа судени илјадници лица обвинети за учество во обид за пуч.
Анкара за обидот за државен удар ги обвинува приврзаниците на проповедникот Фетулах Ѓулем, кој во моментов живее во самонаметнат егзил во САД.
79-годишниот Ѓулем, поранешен сојузник на Ердоган, негираше вмешаност во обидот за државен удар.
На него и на уште петмина обвинети им се суди во отсуство.
475 лица се обвинети за учество во државниот удар, додека 365 се во притвор.
Повеќе од 250 лица беа убиени во обид за воен удар на 15 јули 2016 година.
Коментари
Loading…