in

Драматичната трка во Бахреин му припадна на Мерцедес!

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон успеа да одолее на нападите на Макс Верстапен во завршните неколку кругови од првата трка во 2021 која се одржа на патеката во Бахреин.

Верстапен всушност успеа да го помине Хамилтон само 4 круга пред крајот на трката, но поради нелегално претекнување мораше да му ја врати позицијата на Британецот.

Вториот болид на Мерцедес заврши на третата позиција, а веднаш зад него се најде Мекларенот на Ландо Норис. Одлична трка имаше и Чеко Перез, кој започна како 20ти, но заврши на петтото место.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote