in ,

ТаженТажен

Дресот со број „6“ на Бил Расел се повлекува од цела НБА лига

Легендарниот Бил Расел ќе стане првиот кошаркар чиј број на дресот ќе биде повлечен од сите екипи во НБА лигата.

Поранешниот играч во најквалитетната светска кошаркарска лига, кој играше за Бостон Селтикс од 1956 до 1969 година и ја покриваше центарската позиција, го имаше епитетот на најтрофеен кошаркар во историјата на НБА, со вкупно единаесет титули.

Како што беше објавено во соопштението на социјалните мрежи, Расел починал во својот дом во Соединетите Американски Држави. Тој петпати беше МВП, дури 12 пати играше на „Ол-старот“, двапати беше шампион како тренер и е член на „Куќата на славните“. Покрај што беше тренер во Бостон, ги водеше Сакраменто Кингс и Сиетл Суперсоникс.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote