in

Дресот на Коби Брајант ќе биде изложен во музејот Смитсонијан

Дресот на легендата на НБА Коби Брајант од 2008 година, кога беше прогласен за најдобар играч (MVP), ќе биде изложен во Националниот музеј на афро-американската историја и култура Смитсонијан (НМААХЦ) во Вашингтон.

Брајант, икона на Лос Анџелес Лејкерс, со кого пет пати ја освои титулата во NBA, загина во хеликоптерска несреќа во јануари, заедно со неговата 13-годишна ќерка и уште седум други.

Kobe and Gianna Bryant

Брајант го носеше дресот, кој ќе биде изложен во музејот, на петтиот натпревар од плеј-офот во НБА лигата против Бостон Селтикс, во серија што Лејкерси ја загубија, пред Коби да ги однесе во две последователни титули, во 2009 и 2010 година.

Брајант, кој имаше 41 година кога почина, го подари дресот на музејот во 2017 година.

„Придонесот на Коби на теренот и надвор од него е неверојатен“, рече привремениот директор на музејот, Спенсер Кру.

„Како донатор, тој го разбра значењето на овој музеј за нацијата и светот. Откако во март го одложивме носењето на дресот заради пандемијата, сега веруваме дека е вистинско време да му оддадеме почит со изложување на неговиот дрес пред јавноста

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote