in

Дурент испиша историја во петтиот натпревар против Милвоки Бакс!

Кевин Дурент постигна 49 поени и го одведе Бруклин во водство во драматичната рунда против екипата на Милвоки Бакс.

Дурент исто така фати 17 скокови и подели 10 асистенции во феноменалната партија во полуфиналето на конференцијата. Со овие бројки, играчот на Нетс стана првиот кошаркар кој ги остварил овие бројки во плеј-оф во НБА.

Во завршната фаза на натпреварот тој погоди една тројка и три слободни фрлања кои беа клучни за победата. Тренерот на Бруклин, Стив Неш изјави дека со оваа партија, Дурент може да се смета како еден од најдобрите во историјата.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote