in , ,

WTFWTF Што?Што?

НЕВИДЕНА ДРАМА – Душко Тошиќ се степал со друг фудбалер

Откако Јелена Карлеуша пред четири години ги полнеше таблоидите со својата секс афера со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш, сега во центарот на вниманието е нејзиниот сопруг Душко Тошиќ.

Српските медиуми тврдат дека ноќта од петок кон сабота, во еден часот по полноќ, на белградски сплав тој имал физичка пресметка со поранешниот српски репрезентативец Александар Пријовиќ. Причина за инцидентот, односно тепачката бил нереализираниот трансфер на Пријовиќ во Бешикташ во 2019 година кој, наводно, го уништил токму Тошиќ.

Пријовиќ тогаш требал да потпише тригодишен договор за вкупна сума од 18 милиони евра, но Тошиќ ги убедил челниците да не го носат во клубот. Сега Пријовиќ добил шанса за одмазда и го нападнал својот сонародник пред стотина сведоци на сплавот. Иако тој демантира дека се случило такво нешто, очевидци тврдат дека обезбедувањето им ги земало телефоните на присутните за да ги избрише снимките.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote