in

Два италијански клуба се борат за потписот на Енис Барди!

Играчот на врска на Леванте, Енис Барди, се поврзува со трансфер во италијанската Серија А, пренесуваат медиумите од Италија.

За македонскиот репрезетнативец, којшто има договор со Леванте до 2022 година, покажуваат интерес два клубови од Серија А. Едниот клуб е Милан, кој е заинтересиран за потписот на Барди веќе подолго време.

Сега во битката за неговиот потпис се приклучи и Торино, којшто сака да го ангажира нашиот репрезентативец кој настапуваше на Европското првенство. Тренерот на Торино, Иван Јуриќ смета дека токму Барди одлично ќе се вклопи во неговиот систем.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote