in ,

СлаткоСлатко

2 НАЈЛЕСНИ НАЧИНИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ТЕПИСИТЕ: Полни се со бактерии и треба редовно да се одржуваат, а еве како најлесно да го направите тоа!

Теписите се полни со бактерии и нечистотија, па затоа треба редовно да ги чистите – особено ако имате мали деца кои си играат на нив. Ви оставаме два методи кои се најлесни за правење. Едниот вклучува правосмукалка, другиот миење раце, пренесува „Pure Wow“.

Ако чистите со правосмукалка

Прво, одделете го целиот мебел и апарати. Изметете го тепихот за да го отстраните површинскиот слој од прашина и нечистотија. Доколку има некакви дамки на него, исчистете ги со детергенти и почекајте да се исушат.

Извадете ја правосмукалката и повлечете ја во прави линии, одозгора кон себе. Исто така, најдобро би било прво да го исчистите од најоддалечената страна од просторијата за да оставите простор да се движите наназад и да не чекорите по деловите што веќе сте ги исчистиле. Вакуумирајте со цврсти, но побавни движења за да ја отстраните целата нечистотија. Доколку е потребно, можете да ја повторите постапката.

Ако чистите рачно

Ова е исто така одлична опција, но имајте на ум дека е физички понапорно и бара повеќе време.

Потребна ви е сода бикарбона, густа четка, средство за чистење теписи, суви крпи и вода.

Наросете сода на тепихот и оставете да отстои околу 5-10 минути. Исчистете ги со правосмукалка или бришете ги остатоците. Измешајте 2 дози од производот и 450 ml топла вода и испрскајте го целиот тепих. Четкајте го тепихот со силни движења, натопете го со вода, а потоа исцедете ја течноста со крпи колку што е можно повеќе. Повторете ја постапката додека не го исплакнете производот. Оставете го тепихот добро да се исуши.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote