Две баби си праат муабет за внуците. Првата вика:
–„Леле оној мој внук ќе ме пукне. Пропалица невидена, тежок криминалец. Ништо не учи, по цел ден или е на интернет или девојки брка или со тоа ролерите вози некаде!“
А вторава баба рекла:
–“Е мојот внук по цел ден седи дома, слабо излегува, нон-стоп учи. Или доктор или пилот ќе стане!„
Првата баба ќе пукнела од мака, па и рекла:
–„Е како тоа или доктор или пилот, кога нема ништо слично во тие професии?“
Другава баба и рекла:
–„Па знаеш секогаш кога ќе влезам во неговата соба, го гледам него со шприцовите и иглите и ми вика, бабо ќе летамеее!„
in Вицови
ДВЕТЕ БАБИ И НИВНИТЕ ВНУЦИ! [ВИЦ]

Коментари
Loading…