in

Единствената земја во Европа каде беспилотните летала – дронови се целосно забранети!

Технологијата на беспилотни летала во светот се развива силно во последните неколку години. Помалку е познато дека првиот лет на беспилотниот авион се случил во далечната 1917 година, во Велика Британија.

Имено, првите беспилотни летала биле развиени во Велика Британија и САД за време на Првата светска војна. Британскиот воздушен таргет, мал радио-контролиран авион, за прв пат беше тестиран во март 1917 година, додека американското воздушно торпедо познато како Кетринг бубачка за прв пат полета во октомври 1918 година.

Ниту еден од нив не бил користен оперативно за време на војната, но сепак навестувале до каде може да се одвива овој вид технологија во развој.

Силниот технолошки развој, сепак, не е придружен со законодавството што ја регулира областа. Нема обиди да се воспостави какво било меѓународно законодавство, затоа регулативата за употреба на беспилотни летала се разликува од земја до земја низ целиот свет.

Surfshark го анализираше законодавството на 210 земји во светот, а најмалку 143 земји имаат некаква форма на регулирање на беспилотните летала. Законите се движат од целосна забрана за технологија до релативно неограничена употреба, но повеќето закони се концентрираат на прецизни правила за употреба на беспилотни летала.

Додека некои земји, како што се Куба, Ирак, Иран и Кувајт, експлицитно забранија употреба на беспилотни летала, други донесоа закони што овозможуваат поекспериментална употреба на технологијата.

На секој континент, барем една земја дозволува употреба на беспилотни летала далеку од видот на лицата кои управуваат со нив.

Европа има најлиберални регулативи за беспилотните летала во споредба со другите континенти. Дури 27 проценти од европските земји дозволуваат неограничена употреба на беспилотни летала (меѓу нив и Македонија), а глобалниот просек е 18 проценти.

Единствената земја во Европа каде беспилотните летала се целосно забранети е Словенија. Употребата е ограничена во Бугарија, а во другите земји што нè опкружуваат, беспилотните летала е дозволено да се користат само на повидок.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote