in

ЕДИНСТВЕНО РЕШЕНИЕ ЗА ПАНДЕМИЈАТА? Турскиот председател Ердоган најави потполно затварање на Турција од 29 Април!

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес објави дека поради влошување на епидемиолошката состојба, во таа земја ќе биде воведено целосно затворање од четврток, 29 април до понеделник, 17 мај годинава, пренесува агенцијата Анадолија.

По состанокот на владата во претседателскиот комплекс во Анкара, Ердоган објави детали во врска со воведувањето нови мерки во Турција во борбата против коронавирусот.

„Се преминуваме на целосно затворање во четврток, 29 април, од 19 часот до понеделник, 17 мај, до 5 часот наутро“, рече Ердоган.

Тој додаде дека во рамките на новите епидемиолошки мерки, меѓуградските патувања ќе бидат можни само со дозвола, а возилата за меѓуградски транспорт ќе работат само со 50 проценти од капацитетот.

Со исклучок на организациите кои се изземени во одлуките на Министерството за внатрешни работи, сите деловни субјекти ќе ја прекинат работата.

Наставата е прекината во сите училишни институции, а сите испити ќе се одложат.

Синџирите на супермаркети ќе бидат затворени во недела, а во другите денови ќе продолжат да работат само во одредени периоди.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote