in

Што?Што?

ИНТЕРЕСНА МЕРКА! Аргентина воведе еднократен данок за луксуз!

Синоќа, Конгресот во Аргентина го одобри воведувањето на законот за еднократен данок на богатство, додека владата се обидува да ги зголеми приходите погодени од пандемијата.

Сенаторите дадоа конечно одобрување за т.н. Законот за солидарност и вонредни придонеси, кој веќе го изгласаа пратениците на Долниот дом на парламентот, со 42 гласа „за“ и 26 „против“.

Законот пропишува еднократен данок од најмалку два процента за физички лица кои имаат имот вреден повеќе од 2,01 милиони евра (200 милиони пезоси), а целта на владата е да собере 3,04 милијарди евра.

Сенаторот од владејачката партија, Коалицијата на перонисти Анабел Фернандез Сагасти, на својот Твитер профил напиша дека законот е извонреден бидејќи околностите се исти.

„Мора да најдеме врска помеѓу оние кои можат да придонесат најмногу и оние на кои им е потребна помош“, нагласи таа.

Приходот генериран на овој начин ќе се искористи за набавка на опрема и средства за борба против пандемијата, за помош на малите и средни претпријатија, за поддршка на сиромашните соседства и развој на домашниот сектор за природен гас.

Законот е критикуван од поконзервативната опозиција.

Аргентина, која ја има третата најсилна економија во Латинска Америка, влегува во третата година на рецесија, со висока инфлација и нагло зголемување на бројот на сиромашни.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote